Денес душата си ја олеснувам,
а секое понатамошно утро
нема да се навраќам
Ти простувам што ме напушти и остави
што душава ми ја разгори
и на срцево рана отвори
ти простувам што и ноќва не си крај мене
што и дента сè уште не си доаѓаш
ти простувам што долго те чекав
што имав надеж дека барем еден ден
ќе се појавиш и ќе ми го разиграш срцево
ти простувам што ми ја пушти раката
и ме остави сама, така ранета
ти простувам за солзиве мои изронети
чии очи пресушија и без сјај останаа
ти простувам што ми ги кажа најтешките зборови
што човек ниту на непријателот не ги кажува
ти простувам што ме повреди и изневери
што ја изневери мојата љубов
и ниту за момент не се покаја
ти простувам, а се надевам ќе ми простиш и ти
што веќе нема да имаш некој кој те чека
без разлика колку години изминаа
кој те љуби и кој е спремен животот на дланка да ти го дари