Skip to content

Рецитал на сонетот „На една минувачка“ од Бодлер

Денес го споделуваме рециталот на сонетот „На една минувачка“ од францускиот поет Шарл Болдер.

Тој е дел од неговата збирка „Цвеќиња на злото“, поточно од делот „Париски слики“.

 Во овој сонет Бодлер, превземајќи ја улогата на уличен скитник, се обраќа до една убава жена која поминува, најверојатно вдовица, според проценката од нејзината облека. Поетот жали што многу бргу ја губи од својот вид.

Во голем град како Париз можете да сретенете некого, но само еднаш; така, секоја улична средба е синоним за  минливоста на младоста, пролетта или за било кој друг романтичен идеал.

Женската убавина содржи ефемерен елемент што го привлекува набљудувачот поблизу до смртта и со тоа поголема почит кон животот.

Уживајте во рециталот:


Стиховите на песната на македонски јазик се на следниов линк: На една минувачка – Шарл Бодлер.

Напишете коментар