Поезија – Анастасија Лефкоска

Капка крв што се слева низ инаку празна вена,
тоа е поезија.

Роза што на лето цвета и тоа внатре што ти вели “Скини ја, дај ѝ ја,” а ти не можеш,
тоа е поезија.

Дел од инструментал на пиано и виолина,
што те влече кон музиката и ти вели “Разбери ја”, а ти од болка не можеш,
тоа е поезија.

Допир на кожа и морници,
скриени бакнежи,
стуткани во чаршафи воздишки и тивко глас за белата кожа што ти вели “Бележи ја”, а тебе срцето за малку ќе ти излезе,
тоа е поезија.

Пет строфи,
секоја во метафори и скриена порака, меѓу редови запишана приказна, запишана историја,
е тоа. Тоа е поезија.

Честит нека ни е Светскиот ден на поезијата. 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?