Литературата за деца – Николина Ќорвезироска

Книгата за детето е четка со која на бел лист ја креира својата имагинација и фантазија.

Што сè треба да биде опфатено со литературата за деца, што тој жанр треба да содржи? Кога за првпат и посериозно се појавува како таква? Кои се првите книги наменети за деца?

Зошто децата треба да читаат?

Сето тоа нека нè поттикнува да размислиме и одговориме на сите овие прашања зошто сите ние сме биле деца…

Сите деца се потенцијални автори или писатели од кога ќе ја слушнат првата песна, приказна, гатанка за од шест годинки кога ќе се описменат и научат да читаат за да можат да ја запишат својата мисла. Не треба да ги туркаме децата кон предвремено созревање. Тие како ќе растат и созреваат, ќе зрее и нивниот избор кон литературата(а не да бидат како некои плодови од градина прерано скинати кои ќе не можат да ја дадат својата сочност).

Така и детето не треба да се брза во изборот. Ако ние сме опкружени со книги и му читаме од мали нозе сигурно тоа ќе сака да го прави тоа и како возрасен (кој веќе ќе знае што сака да чита). Детската литература дизајнирана за забава наместо за само-подобрување, е насочена кон емоционална експанзија отколку кон културација. Алиса во земјата на чудата, прва врвна победа на имагинацијата, се појави дури во 1865 година.

Литературата за деца и нови модернистички аудио-визуелни материјали прилагодени за деца

Честопати, литературата за воодушевување има подземни извори на храна и инспирација која може да се побара во детската поезија и народни приказни, гатанки и препеани песни од нашите баби и дедовци. Затоа треба посериозно да се пристапува кон литературата за деца за еден ден од нив се родат вистинските читатели или писатели. Во моментот литературата за деца изобилува со толкав спектар од книги само вие треба детето да го пуштите во една книжарница или библотека и тоа ќе ви помогне со тоа што само ќе си ја избере литературата што сака да ја чита.

Постојат нови модернистички потпомагања со аудио и видео снимени материјали на песни и басни кои можат да се искористат во првите години од животот. Еден од начините како да се привлече детскиот поглед на една книга (покрај добра осмисленост и порака) треба да има и убава корица (т.е.книгата по корицата се познава). Исто како некое бонбонче, чоколадо, играчка која е убаво спакувана. Литературата за деца треба да излезе од сенка, треба да ја грее сонце да расте да се топли за на крај да грее.

Предлог книги со поезија за деца и романи од домашни автори и книги за деца од странски автори

Еве предлог поезија за деца од наши автори „Касни Порасни“ од П.М.Андреевски, „Цвеќенца“ од Бисрица Миркуловска, Васил Пујопски „Светот на детскиот сон“. „Црни и жолти“ од Славко Јаневски..ова се само дел од писателите кои преку песна ја рзагалуваат детската душа.

Предлог книги: „Браќата Грим’’, Езоп со збирката „Басни“, Ла Фонтен,  „Големи и мали”, Бошко Смаќоски, „Пајажината на Климентина” Елвин Брук –Вајт, „Гуливеровите патувања”, Џонатан Свит, „Белото Циганче“, Видое Подгорец, „Зоки Поки“, Оливера Николоска, „Малиот Принц“, Антоан де Сент –Егзипери, „Алиса во земјата на чудата“,Луис Карол, „Вини –Пу –Ах“, Александар Алан, „Колибата на чичо  Том“, од Хариета Бичер Стоу, „Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс, „Робинзон Крусо“ од Даниел Дефо, „Том Соер“ од Марк Твен .

Овде спаѓаат романите на Жил Верн: „Децата на капетанот Грант“, „20.000 милји под морето“ и „Таинствениот остров“, потоа Џорџ Велс со „Војна на световите“, како и македонскиот писател Стојмир Симјановски со „Ацела“ова е во делот на фантазијата.

Некои книги за деца се читани и од возрасните кои секогаш преку овие книги можат да се вратат во детсвото во времето на фантазијата и имагинацијата..

Моите први книги поркај поезијата што ја спасував од подрумот на мојата баба, се прекрасните енциклопедии за животнинскиот свет со тврд илустриран повез и тежеа повеќе од мене и атласот на целиот свет за да знам каде живеат… природата тогаш ми беше на гости.

Николина Ќорвезироска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!