Ќе се јавиш ли?

Душава трепери од зуење на вибрации

На телефонот без жица

Секој оѕвон крши стакла на моево срце

Некои крварат, некои бодат

Некои само одѕвонуваат тивко во ноќта,

Но ти не можеш да ги чуеш,

Не вибрираме на исти вибрации

Не ни знаеш

Дека твојата вибрација сакам да оѕвони

Не ни знаеш

Дека крварам длабоко

Не ни знаеш

Дека душава одѕвонува на

Телефонот кој нема жици

Не ни знаеш

Дека ѕвончињата се ѕвоноцвет

Отпорен на секаков звук

Не ни знаеш

Дека само твоето име

Оѕвонува

Зошто  не ја познава

Твојата ќудливост

Не ни знаеш

Дека само твојот број

Го гледам

Зошто не познавам

Туѓа заљубливост

Не ни знаеш

Дека на секој одѕвон

Срцево намалено чука

Зошто ја препознава

Твојата оттуѓеност.

Ќе се јавиш ли?

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?