Кога се заљубив – Јована Лазаревска

Беше ноември, како мај да беше,

сив и студен, но рози во себе криеше.

Насекаде ветришта и виулици,

во душата пролет и цветни улици…

Надвор летаа снегулки,

најголемата имаше лик,

во стомакот ми прелетаа пеперутки,

срцето ми отчука стих…

Ритамот на срцето забрзуваше,

стрелката на часовникот се заледуваше,

се чувствуваше здивот на мај,

покрај рацете студени и топлиот чај…

Крај огништето во собата седам,

со затворени очи, снегулката ја следам,

ја задржувам во еден здив,

да ми стопли душа,

да ми донесе светлина во ден сив.

Ти, снегулко, падна во мракот

во кој се загубив.

Ти си онаа моја топла зима

кога се заљубив.

Јована Лазаревска, 9-2

ООУ “Толи Зордумис”, Куманово

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?