Скапоцени спомени – Александра Стојановиќ

Се навраќам на тоа место

често.

Некогаш деновите со насмевка

ги поминував тука,

Додека наоколу

се слушаше детски џагор

и бука.

Во куќата вредни раце гледам,

но да останам таму,

храброст немам.

Еден столб

се навалил малку,

но ѕидини се тоа јаки,

можат да ги издржат сите маки.

Во душата тагата тлее,

додека од очите солза се лее.

Сепак кон небото гледам,

насмевка болна,

со галебот бел испраќам.

Поздрав со себе ќе понесе,

но одговор нема да донесе.

Ме чува таа личност знам,

го следи секој мој чекор,

без ниеден збор.

Александра Стојановиќ

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!