Две фамилии во вечна тага
Судбата лута ги фрли клета
Неверница со лик убав
Непрепознатлив, но и суров.
Таа девојка млада
Со едвај четиринаесет лета
На ангели стана друшка
со својот сакан
во гробница најде таа оддишка.
Љубовта, таа болка толку страстна
Ги стави на мака сладострасна
Ромео, штом Јулија на балот
Ја виде
Знаеше, таа вечна негова ќе биде.
Но, крвнички се мразеа фамилиите нивни
Славните Монтеки и Капулети
Во Фиренца толку славни,
Не знаеја дека таква несреќа ќе ги снајде
Дека од омраза нема фајде.
Ох, колку си убава Јулијо!
Твојата убавина ја крати
Мојата храброст,
Твојата убавина небесата
Ми ја злати.
Ох, колку си убав Ромео!
Зарем може крвник да биде убав
Толку како монструм што сјае?
Којзнае дали твојата убост
Ќе биде сопатник мој
Или нашата љубов ќе биде
Повод за бој?
Бојот беше нестварен
Како и секоја пролеана крв
А славата беше единствен
Добитник од тој двобој суров.
Ромео кој прогонет беше
Јулија ја остави во девствен плач.
Но, го крунисаа својот брак
Во тајност вечерна и света
Не се надеваа дека ќе ги стаса
Смртта проклета.
После ноќта сладостраснa
Јулија се осмели на
Тајна опасна,
Во тајна смрт ја однесе
Еден напиток лажовен.
Ромео мислејќи дека е мртва
Стана и тој на смртта жртва.
Зарем може омраза љубов да раѓа?
Сведоци се овие две души млади
Потсетник се дека
Љубовта е онаа што може сé да сруши.
Да учиме од оваа приказна тажна
Дека љубовта е таа што е важна.
Омразата да ја заборавиме
Раце да си подадеме
Зошто има ли трагедија пострашна
Од оваа напишана за Ромео и Јулија?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.