Ти за мене молчи

Кога и да помислиш да го изговориш името мое,
молчи.
Прегризи си ги усните.
Гризни си го јазикот.
Молчи и проголтај ме.
Нека останам некаде во тебе заробена.
Ако слушнам како името ми го изговараш,
јас ќе полудам по тебе.

Кога и да помислиш да раскажеш некому
за сјајот во очите мои,
молчи.
Прегризи си ги усните.
Гризни си го јазикот.
Нека остане таа слика некаде во тебе.
Ако слушнам како раскажуваш за очите мои,
јас ќе полудам по тебе.

Кога и да помислиш да кажеш некому
за насмевката моја,
молчи.
Прегризи си ги усните.
Гризни си го јазикот.
Ако некогаш слушнам колку уживаш
додека јас се смеам,
јас ќе полудам по тебе.

Ако некогаш помислиш да раскажеш некому
за ова нашево, за ова меѓу нас,
молчи.
Прегризи си ги усните.
Гризни си го јазикот.
Затни си ја устата.
Аман, само молчи!
Ако за миг помислам дека и друг знае,
ќе заминам.
Ќе исчезнам.
А без тебе јас би полудела.

Затоа, ти за мене молчи.
Прегризи си ги усните.
Аман,
само молчи!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?