Борба за свет во боја – Александра Стојановиќ

Го украдов тоа парче свето

не знаејќи

дека за мојот живот

ќе стане клето.

Единствено

добрина сакав да сторам,

а сега за прошка

вас ве молам.

Време е ова чудно

злобата се следи будно,

на прво место е лагата

затоа преовладува и тагата.

Сонувам за свет во боја,

сонувам,

желбата моја да стане и твоја.

Со подавање на оваа рака,

да се скрати твојата мака.

Да расцветаат полињата,

да сјаат морињата,

песна да запеат дечињата.

За поинаков свет

сплотено да се бориме,

сите во лет

песни да твориме.

Овие зборови

надалеку да се чујат,

во срцата добрина

да будат,

да не дозволиме

никогаш да се загубат.

Александра Стојановиќ

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!