Судбината – Николина Ќорвезироска

Од планината си ја гледам судбината

Се искачува не ме достигнува

На врвот стојам, а таа убава, растрчана

Ко боса девојка, што ја носи убавината на планината

Под пазува, на раце, на глава, на својата става.

Си сплела венци од песни штотуку испеани

Ми ги пее и тивко доаѓа

Убава сум и јас, лебдам над бран

Пењата ја пијам, се опивам од убавината на ширината

Убава сум

Си правам гнездо ко птица

Ги заспивам сите песни на птиците,

И оние моите…

Ми се смее сонцето, не знае да пее

Но силно ме грее

Ми се смее на судбината

Ми ги грее, препекува лалињата

Ми ги препекува крилата

Но јас за нови сонувам…ми помага ноќта

и месечината да се заштитам од светлината .

Николина Ќорвезироска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?