Се движев по мојот замислен пат, се борев успеав! Така започна нејзината приказна. Патот го градев сама, со желба и труд, ги преминував сите препреки. Бев сама знам, но секој човек на овој свет е сам, тој е претставен како едно битие, можеби исто, слично или пак различно од другите, но сепак самостојно.
Не посакував другите да ме нарекуваат борец, не посакував да сум ѕвезда во туѓите очи, сакав само да створам успех, кој не го посветувам на другите, го оставам само за себе, бидејќи и навистина е мој. Тоа е плод на мојата упорност, која ја замолив да ме следи како сенка. Таа пак ни малку не се противеше, веднаш прифати, можеби го виде сјајот за напредок, кој што произлегуваше од моите очи. Кога ќе размислам подобро, тој сјај се криеше и во моето срце, кое деноноќно ме мотивираше да се борам за својата цел.
Александра Стојановиќ