Да си ти – Марија Бакиевска

Значи…

На уникатноста да се потсетиш

Од пепелта да излезиш

На бела патека да зачекориш

Минатото да го оставиш

Во сегашноста најдоброто да го направиш!

И да боли, и солзите до дното да паѓаат

И неиздржливоста, волјата да ја затрупаат,

и кулата на товарот врз срцето да се сруши,

гледајќи кон тебе човек ќе заборави да се откажи,

и ќе продолжи!

Значи…

Во убавината да се одмориш

Чаша студена вода, душата да ти ја обнови,

збор два со тебе, човек крилјата да си ги рашири,

во прегратките на сигурноста место да си пронајди,

не само од денес, туку и за утре да се избори!

Значи…

Во сочуство и љубезност да се облечи

Гневот и лутината да ја соблечи

Секој со топлина да го поздрави

Од една порака наутро да оздрави

И да не се плаши

Ако сам/а ќе остани

И во напуштено ќе се пронајди

Ете твојата појава како ветар ќе однеси

Со сè што длабочината на срцето ќе се соочи,

храброста на појавата твоја ќе го охрабри,

и ставот на армијата твоја, војска ќе му подари!

Само телото центар да не биди,

она внатрешното и непознатото,

здивот да ти го одземи, појавата сè повеќе ќе те привлечи

но уникатноста на душата ќе те задржи!

Само прамените од косата очите да не ги затворат,

туку силата на присуството вниманието да ти го освојат,

не од туѓото роб да направат,

туку од неспоредливото ремек дело да создадат!

Да си ти значи…

Пријател да вкусиш

Твојата близина како магнет влечи

И твојот бунтовен дух, како ехо ечи

Синџирите на неверата ги крши

И новата шанса, темели држи

Невозможното во возможно се раѓа

Дали сум долу на колена

Или исправено со своите рамења

Твоето ти, повторно живот вградува!

Да си ти значи…

Пријател да љубиш

Со сите сили, и откажувања,

до последно сè да направиш,

та еден ден криво да не ти е,

туку еден миг цел свет во раце да ти застани,

та еден ден кога далеку од тебе ќе бидам,

да знам дека насекаде во себе те носам!

Оти деновите избројани ни се

И моите и твоите како бисери пронајдени се,

часот вечност не држи, ниту телото вечност поднесува!

Затоа научив

Со сè да те сакам

И во сè да ти послужам

Кога не ми е денот на страна да се тргнам

Ама никогаш да не се откажам

Туку и најмало нешто да направам!

Да си ти значи…

Божји дар да поседувам!

Посветено за Христина Бошевска!

Марја Бакиевска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!