Зборови – Софи Индовино

За оние зборови како пусти гробови,
кои исткале крвави  везови на твоето срце  пред години,
и фатиле дебели корупки.

Зборови со остри шилци и врвови…
Зборови камуфлирани во црвени крвни келии,
течат низ твоите вени, се филтрираат низ твоите дробови.

Раздобени на ситни делови се пресликуваат
на твоите погледи и чекори.
И на сите потези и потфати.
И на  белите сводови небесни длабат темни вртлози,
стапица за други души невини.

Зборови тешки како пранги олови,
ги влечеш по тебе со години.
Зандани се на твоите кошмари,
катанци на твоите  сомнежи.

Софи Индовино

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!