Ќе исчезнам

Денес јас ќе исчезнам без збор.
Не дека немам што да ти кажам,
не дека не можам барем порака ти оставам,
ама ако почнам да зборувам
никогаш нема да заминам,
никогаш нема од тебе да се разделам.

Затоа јас ќе заминам без збор.
И ќе измислуваш сам причини
за повеќе да те боли,
а најголема причина можеби ќе биде
тоа што сум како сите други.
Ама ти не нагаѓај зошто одам.
Запрашај се зошто не останав.
Само мене не ме прашувај за тоа,
ниту јас не знам себеси што да си кажам.

Затоа јас ќе исченам без збор,
ќе ти забијам нож во грбот,
ќе заминам молчејќи,
како никогаш да не сум те сретнала,
како да не сум те знаела,
како да не сум ти се предала,
како меѓу нас никогаш да немало ништо.
А зарем имаше нешто?
Имаше ли?

Ќе молчам и ако случајно те сретнам,
ако некогаш седиме еден спроти друг.
Можеби нема ни да те погледнам,
нема да ти дозволам ни насмевка да ми уловиш,
ниту поглед да ми заробиш.
Не затоа што сум како сите други.
Полоша сум.

Јас денес ќе исчезнам без зборови.
Оти не знам што би кажала
за пак да не заглавам со тебе.
Ти заборави ме.
Батали ме.
Како никогаш да не си ме сретнал.
Како никогаш да не си ме запознал.
Како никогаш да не сум постоела.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!