Душа без осет – Ирена Блажеска

Бездушна тишина

Олабавена низ студот

Се прекрши пред моите сни

А тие молкум

Се прикрадоа

Низ бремето кое се изгуби

Без да проговори

Трепнав само

и подголтнав

Немав осет

Ни за збор

Немав осет

ни за љубов

Немав осет

за ништо

Сé изгубив

И трагата и гласот

Сé оставив

Без да знам

дека ќе боли

Без да знам дека нема да помине

така лесно

Без да осетам  било што

Зашто осетот го

изгубив,

Без чувства сама себе

сé оставив

Само за тебе

Без себе си останав.

                                                                          Ирена Блажеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?