Десетте најдобри драми на Шекспир на сите времиња

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) – англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.

Во 2016 година, на 400 годишнината од неговата смрт, неговите читатели и обожаватели во родната Британија, избрале 10 драми кои се според нив, негови најдобри и за кои сме сигурни дека сте прочитале една или можеби неколку од нив.

Одиме во редослед од 10 до 1 место:

10. „Трговецот од Венеција“

Кога е напишана?1596 година.

За што се работи?

Драмата добива антисемитски призвук кога еден венецијански благородник не  исплаќа заем на еден еврејски трговец.

Зошто е толку добра?

Вознемирувачка и комплексна, таа е еден облик на протест и Шекспир ги коментира проблематичните односи на христијанска Европа со еврејското население (секако  Порција, лик во драмата,  е една од најголемите женски ликови на Бардот).

9. „Ромео и Јулија“

Кога е напишана?

1594 година

За што се работи?

Децата на двајца смртни непријатели се заљубуваат еден во друг.

Зошто е толку добра?

Тaа е најљубовната приказна, образец за секоја приказна за трагична љубов која е потоа напишана. Сите други љубовни приказни се само нејзини бледи копии.

8. „Бура“

Кога е напишана?

1611 година

За што се работи?

Волшебникот и самохран татко Просперо им се одмаздува на своите непријатели – во својот познат магичен стил.

Зошто е толку добра?

Полна со магија и спектакуларна, длабоко слоевита, оваа последна драма на Шекспир, исто така, изгледа многу спектакуларно кога е поставена на сцена.

7. „Дванаесетта ноќ“

Кога е напишана?

1599 година

За што се работи?

Овде Шекспир станал вистински мајстор на зборот: се работи за љубовна романса меѓу два близнаци и еден бродолом.

Зошто е толку добра?

Зрела комедија за идентитетот и изгубената љубов што ги препишува, ги наплатува и ги надминува сите негови претходни комедии.

6. „Отело“

Кога е напишана?

1604 година

За што се работи?

Ги пресликува расните односи во Венеција од шеснаесеттиот век кои и не се баш толку сјајни.

Зошто е толку добра?

Најмоќната драма за расизмот некогаш напишана, но згора на тоа и застрашувачка разработка на разорната моќ на љубомората.

5. „Кралот Лир“

Кога е напишана?

1605 година

За што се работи?

Татко на три ќерки, предвреме се повлекува од власт и станува малку налудничав.

Зошто е толку добра?

Последната од големите трагедии на Шекспир, оваа дива, едноставна претстава на еден тиранин кој го губи умот во  староста е совршена визија за пропаста на еден човек.

4.Многу врева за ништо

Кога е напишана?

1598 година

За што се работи?

Прекрасни весели доживувања во душата на Сицилија.

Зошто е толку добра?

Полна со смешки и мали шеги, таа е едно од најголемите задоволства за читателите на Шекспир.  Таа ни кажува колку е многу смешно кога луѓето прават голема врева за ништо. Ве тера да се смеете на глас.

3. Сон на летната ноќ

Кога е напишанa?

1595 година

За што се работи?

Неколку будалести самовили се обидуваат да ги решат романтичните проблеми на едни смртници изгубени во една шума. 

Зошто е толку добра?

Луѓето ја сакаат оваа разиграна волшебна комедија – таа е најголемото задоволство за публиката и совршена е како летна претстава.

2. Макбет

Кога е напишана?

1605 година

За што се работи?

Шкотски лорд е спремен да изврши брутално убиство под влијание на неговата сопруга.

Зошто е толку добра?

Кратка, возбудлива и обвиена со натприродното, оваа мрачна трагедија за последиците од лошата страст за моќ на шкотскиот лорд е веројатно најмодерната и најдостапна претстава на Шекспир.

1.Хамлет

Кога е напишана?

1600 година

За што се работи?

Еден млад човек размислува за смислата на животот кога е на дното на депресијата.

Зошто е толку добра? Што може да се каже за „Хамлет“?

Репутацијата на оваа драма е толку голема, тешко е да се најдат зборови, но овој еп за еден млад човек кој размислува за сопствената смрт, додека се обидува да се одмазди за својот татко, секако е голем кандидат за најголемото дело  некогаш напишано на англиски јазик.

Прочитајте кои се 20 забавни факти за пролетта на кои многумина им е омилено годишно време.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!