Анорексија на умот – Софи Индовино

Живот во страв, во трпет.

На прсти газиме по земјата, се боиме да не згазиме нечие достоинство,

да не згазнеме на нечија рана сокриена под сувиот троскот.

Или ногата да не ни заглави во змиско дувло,

или крволочни хиени да не ни го пресечат патот.

Да не пaднеме во стапица сокриена под сларкоречивост и ефтината пофалба.

Ни се лизгаат деновите, годините

низ прстите како водена сапуница.

Белата пена спласнува и гасне во нашите раце.

А ние ги стискаме дланките во грч.

Да не претече капка, да не ги одува ветрот ситните меурчиња среќа.

Или белата сапуница а да не ги насолзи туѓите очи.

Животарење под сенката на стравот.

Очите замаглени од ветриштата на очајот.

И една блуткава утеха: “Ќути има и полошо”.

Не! Доволно е лошо, доволно горчливо, доволно стресно, доволно мрачно.

Доволно за да не си задоволен.

Доволен си и ти како човек, како единка.

Доволен каков што си, доволен за да живееш задоволен, од животот, од себе.

А не да се задоволубаш со трошки од среќа, ограничен живот со ограничени умови.

Анорексија на умот, состојба која ја добиваш хранејки го мозокот од трошките

што ти ѓи фрлаат оние со набилдано его, изместен поглед на човештвото и атрофиран сенс за емпатија.

Софи Индовино

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!