Јоргован

Одам по чекорите на твојот мирис

Ми го покажуваш патот на среќата

Лилава коприна со лилав отсјај

Зарем е нешто поубаво од твојот наплив

На мирисни солзи радосници !

Капат твоитe мириси во воздухот

Како парфем на сред дивина

Оаза на шаренило од виолетови сенки

Благослов од Флора

За смртниците на Земјата

Отвор кон Рајот

Сигурно и таму ја лелееш ладовината

Со твојот опој

Сите мирно спијат

Во бескрани воздишки.

 

 

Одам по чекорите на твојот мирис

И овој април не ме изневери

Како што тоа го прават неверниците.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!