Палавковците: „Барам работа”

Во новата рубрика „Палавковците“ во денешната прва епизода ви го претставуваме стрипот од Владо Јаневски.
Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Објавени дела: роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Либрис“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга капа“ („Магор“, Скопје, 2019), роман „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје, 2004), збирка наградувани раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, Скопје, 1985).

Добитник е на наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија Скрипт фест 2021 за сценариото „Под друга капа“и на наградата Пегаз за роман на годината во Македонија за 2020 г. за романот „Мртвите знаат најдобро“.
Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за раскази на „Студентски збор“ и „Нова Македонија“. Застапен е и со наградувани раскази во книгите „Електролит 2006“, „Електролит 2007“ и во списанијата за литература „Маргина“ („Темплум“, Скопје, 2006, 2007, 2008) и „Балкански книжевен гласник“ (Белград, 2007 и 2021).

Изложувал во Сиднеј и на интернет. Неговите слики се дел од приватни колекции на повеќе места во светот. Објавувувал карикатури во познатиот Австралиски магазин “The Bulletin with Newsweek”. Неговиот дневен стрип “As Long As We Try” редовно се објавува на Фејсбук и го следат над 2760 читатели. Од средината на март 2021 почна да работи на својот најнов стрип „Палавковците“.

На наше задоволство имаме можност неговиот најнов проект „Палавковците“ да биде дел од содржините на блогот.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!