Искри од душата

Длабоко скриени како бисер во школка
нурнати во целосноста на битието,
тешко испливуваат на површина
кога ќе ставиш оклоп околу себе.

Денот е олицетворение на стар мудрец
во кој се собрани сите животни мудрости
кои ноќта скржаво ги крие
во одаите на својата темнина
како што месечината вешто го крие сонцето
при смена на денот и ноќта.

Искрите од душата ми го осветлуваат патот,
чиниш се ѕвездите од „Ѕвезденото небо“ од Ван Гог,
но овие силно блескаат
палејќи го жарот за живот во мене
кој ги гори оковите
и ми дава блескава волја
моите искри да продолжат да светкаат.

Искрите од душата тежат непроценливо,
тие се како сидро кои не ми дозволуваат да потонам.
Искрите од душата се патокази
на кои јасно се обележани знаците
кои ме водат до твоите чекори
осветлени од искри од твојата душа
речиси идентични на моите.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?