Има еден – Марија Бакиевска

Кој ВОСКРЕСНА и ЖИВЕЕ

Еден Кој дојде во облик на човек

Без ниту еден грев

А го победи гревот

Има Еден

Кој ја плати целосно мојата и твојата казна, без ниту еднаш да се спротистави спрема

Создателот а истовремено да се сочуствува со моето и твоето срце!

Има Еден

Кој дојде за мене и тебе

Те љуби со неизмерна љубов

И ме возљуби со целосно простување

Еден Кој името му е ИСУС

Да Тој Исус

Синот Божји, Царот над царевите, Господарот над Господарите, Алфа и омега!

ИСУС

Кој знае за мене и тебе

Еден Кој најдобро ја разбира длабочината која повикува длабочина!

Еден Кој го симна товарот

Ги избриша солзите

Ја отфрли болката

Го припреми патот на ВЕЧНОСТА!

Крстот ја докажа големината на ЉУБОВТА!

ИСУС

Кој ме повика мене и тебе

За нов почеток

За нов живот

За вистинска смисла

И надеж која ПОБЕДУВА

Има Еден

Неспоредлив и Незаменлив

Сеприсутен и Сезнаен

Владетел и ОТКУПИТЕЛ

Името му е ИСУС

ИСУС

За Кој вреди овај живот со Него да се помини, Неговото присуство не е само позитивна
енергија, тоа е сила на животот, полнота на внатрешноста, откритие на постоењето!

За Кој вреди оваа вечер да се размисли, Оној Кој ништо освен нашите срца не бара, стои пред
вратата моја и твоја и чека кој од нас прво ќе му отвори!

Се прашуваш?

Дали болеа раните на крстот?

Клинците, венецот, дали продираја најдлабоко?

Или повеќе болеше гласот кој во хор викаше, распни го!

Болеше и тоа и тоа

Ама најповеќе болеше она, последното, она кое Тој Сам го изговори!

ТАТКО ЗОШТО МЕ НАПУШТИ!

Има Еден

Кој дозволи да е напуштен

За ти и јас денес да бидиме добредојдени во Божјото присуство!

Еден Кој дозволи да биди посрамен

За ти и јас денес да бидиме оправдани

Еден Кој дозволи да биди прободен

За ти и јас денес да бидиме исцеление

Еден Кој дозволи да биди плукан

За ти и јас денес да бидиме вреднувани

Еден Кој дозволи да умри за гревот

За ти и јас денес да бидиме слободни

Еден кој остана без вода и храна

За ти и јас да не ожеднеме и да се нахраниме!

Еден Кој ВОСКРЕСНА

За ти и јас денес да ЖИВЕЕМЕ!

Ако има Еден

Само Еден Кој може да даде живот и тоа живот во полнота, Неговото Име е ИСУС!

Марија Бакиевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?