На Велики петок родена – Софи Индовино

Дете сум јас на ноќта,

на најцрната ноќ петочна.

На пурпирот пред самракот,

кога гласот од глуво доба зборува

на ноќните птици со некоја чудна азбука.

Не ми е ноќта црна маќеa,

нејзина сум јас миленица,

место за мене зачувала

од месечината па се до звездата Северница.

Пред полноќ ноќта ме осамнала,

на Велики петок пред сабота,

во тешките пости на страсната недела,

кога смртта исусова се оплакува,

во тивкото затишје распетово.

Ноќта аманет ми оставила:

Сѐ додека има нок ќе има и ден.

Сѐ додека има мрак ќе има и светлина.

Сѐ додека има живот има и надеж.

Порака ноќта ми остави:

како што Исус смртта со смрт ја победи.

Од водата вино направи,

Гладните со својата крв ги нахрани,

злобата со добрина ја совлада,

гревовите со прошка им ги искупи.

Предавниците со милост ги помилова,

Како доказ дека добрината ќе победи.

Порака ноќта ми остави:

Милостива е раката божја,

Да, Верувај во љубовта,

да, верувај во милоста,

да, Верувај во надежта!

Најцрна е ноќта пред изгрејсонце

верувај во Воскресение.

Софи Индовино

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?