Мајски ѕвончиња – Бошко Смаќовски

Ги ниша ветрот мајските ѕвончиња,

а тие заносно ѕвонат,

небаре стотина врaнести коњчиња

топот в далечина ронат!

 

Се чудат тревите сонливо гушнати

кој ли е тој што ги буди?

-Ах, што нѐ будите предвреме,

слушнете, ѕвончиња, ѕвончиња луди!

 

Во шипот славејот отвора очиња,

го гледа утрото красно:

-Еј, вие малечки, немирни ѕвончиња,

што се кикотите гласно!

 

Игра над тревите ветрето весело,

ронат стебленцата смеа,

мајските ѕвончиња топло зенесени

песни за утрото пеат.

 Бошко Смаќовски

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!