Нема сон за сонувачите,
тие будни спијат
и будни желби ткаат
и будни на јавето наплаќаат,
на реалноста дупло му враќаат.
Нема сон за сонувачите,
за тие ко мене и тебе
и нема кревет што може да нѐ задржи,
и нема приказна што може да нѐ заглави,
ние бдееме ноќе живи – дење мртви,
штом магија се појавува ние сме први,
штом месечина излегува ко жив ветер не проветрува,
штом сонце се појавува ко куршум в чело нѐ убива.
Нема сон за сонувачите,
за поетите, за писателите,
за тие со лепено срце
и свое дрвце со свои корења,
длабоки колку што е Земјата.
Нема сон.. Нема сон..
лета умот, лета свеста,
паѓа в зајдисонце меѓу светови завесата,
излегува на виделина убавината
ги покира брчките на Земјата.
Нема сон за сонувачите,
има само крв пролиена
од душата – на тетратка,
крв искашлана ко од туберколоза
на марамче свилено,
па перото во него свиено – натопено
нема сон зошто сонот е сила на реалноста,
нема сон зошто сонот е безвреден наспрема уметноста.
Нема сон, зошто ако очи склопам
веќе не ги отварам,
за ништо да не жалам,
нов живот ќе одберам
па душа пак да прокрвари
душа пак да се искрши
пак да здоболи,
пак да нема сон,
ама да има сонувач во нашиот дом.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.