Skip to content

Заврши – Маринела Апостоловска

  • by

Толку.

Заврши.

Престана.

Исчезна од мојот живот и од светот кој го создадов само за тебе.

Од светот кој заедно го критикувавме, од светот во кој рече дека никогаш нема да заминеш.

Престана одеднаш да ми доаѓаш.

Престана да ме сакаш како што ме сакаше.

Престана, не сакав јас, туку ти.

Можеби и подобро е вака.

Кога подобро ќе погледнам, со неа си прилегаш повеќе,

си прилегаш или само се тешам со тоа, не знам.

Заминуваше полека а јас се преправав дека не одиш.

Се преправав дека не гледам како полека си заминуваш и ја тргаш раката од мојата.

Полека но сигурно го откорнуваш срцето од моето, и одиш во непознат правец…

Се губиш во темнината во која еднаш уживавме.

Полека, забораваш сè што беше и сè што можеше да биде.

Заврши.

Престана.

Престана да ме сакаш но не престанав и јас.

Сè уште сум тука.

Го пијам макијатото полека со надеж дека ќе ми дојдеш.

Се будам наутро пред алармот од навика, затоа што се будеше и ти.

Го јадам омиленото благо, па ти оставам половина со надеж дека ќе дојдеш.

Ги гризам усните кога ќе почнеш да ми недостигаш, овие денови некако, почесто.

Ти го барам парфемот кога сум во гужва и не можам да се помирам со фактот дека си замина

Маринела Апостоловска

Напишете коментар