Имам еден ко сите други

Сите имаме по еден таков.
Еден ко сите други.
Идиот!
Глупак!
Еден заради кој го сфаќаме
значењето на девизата „Сите се исти“.
Ама тој еден не е како ниту еден друг.
Оти ако бил ко другите не ќе бил еден.
Не ќе бил идиот, глупак.
Ниту некогаш ќе сме помислеле да си кажеме себеси
дека точно е она дека сите се исти.
Проклето нека е!
Знаеме дека тој не може да биде како ниту еден од нив.

Сите имаме по еден таков.
Еден ко сите други.
Еден заради кој коси корниме.
Заради кој сто пати сме се опиле.
На неговото име другарките ни се алергични.
Тој е нашиот повик на пијанство.
Пијанството е изговор.
„Не знаев што правам, инаку никогаш не би се јавила.“
Тој ни е виновен што не сме среќни со ниту еден друг.
Но ако се сите исти,
зарем тој не се крие во било кој нив?
Проклето нека е!
Тој не може да биде како нив.

Сите имаме по еден таков.
Еден како сите други.
Еден заради кој срцето забрзано ни чука
секогаш кога погледите ќе ни се судрат.
Заради него, дланката на другарката поцврсто ја стегаме
секогаш кога се разминуваме.
Цели окезени велиме:„Тој е!“.
И знаеме дека тој не може да биде ко сите други.
Ако е ко сите други
тоа не би бил тој.
Тој ни е и спокој и немир.
И вечна дилема и решение на сè.
Секоја вечер мечтаеме за него.
Секое утро се разбудуваме со него во мислите.
Ама со него не можеме ни два збора да составиме.
Се расправаме.
Претеруваме.
Ко метал и гром сме.

Сите имаме по еден таков.
Еден ко сите други.
Еден заради кој си ги рушиме ѕидовите,
си ги прекршуваме ветувањата,
забораваме на забраните и ограничувањата,
забораваме на моралот.
Еден кому секогаш ќе му припаѓаме.
Ама најчесто тоа не е човекот чија рака ја држиме.
Не е човекот чија рака ја стегаме.
Не е човекот крај кого се будиме.
Не е човекот чија дланка ни ги бришат солзите.
Оти металот и громот е невозможно да се заедно.

Сите имаме по еден таков.
Еден ко сите други.
Проклето нека е!
Најчесто завршуваме без него.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?