Што ја повредува душата? – Руми

Трепериме, мислејќи дека ќе се расточиме
во непостоење, но непостоењето
стравува уште повеќе да не му биде даден човечки облик!

Единственото задоволство е љубениот Бог. Другите сладости
стануваат горки. Што ја повредува душата?

Да живееш без да ја вкусиш водата на сопствената суштина.
Луѓето се сосредоточени на смртта и на оваа плотска земја.
Се сомневаат во водата на душата.

Овие сомнежи може да се ограничат! Користи ја ноќта
да ја разбудиш твојата јасност. Темнината и живата вода
се љубовници. Нека останат заедно.

Кога трговците ги јадат своите големи оброци
и спијат со мртов сон,
ние, ноќните крадци, одиме на работа.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?