Тежината на една снегулка (поучна приказна)

Колку тежи една снегулка? Дали воопшто можеме да ги изброиме снегулките кои спокојно паѓаат од небото? Прочијтате ја во продолжение следнава приказна за тежината на една снегулка. Одоговорот ќе ве изненади, но мора да признаеме дека е доста мудар.

–  Кажи ми, колку тежи една снегулка? – Белведерот го прашал дивиот гулаб.

–  Тежината не ѝ е поголема од ништо – гласел одговорот.

– Тогаш морам да ти раскажам една приказна – рекол белведерот. Седев сам на гранката на една ела, во близина на стеблото, кога почна да паѓа снег. Не паѓаше како снежна бура туку како во сон, без брзање и жестокост. Бидејќи немав попаметна работа, почнав да ги бројам снегулките кои паѓаа на гранката и иглиците на мојата гранка. Избројв до три илјади седумстотини и една снегулка. А кога падна три илјади седумстотини и втората снегулка, снегулката за која велиш дека тежината не ѝ е поголема од ништо, гранката се скрши.

Велејќи го тоа, малата птица одлетала.

Гулабот кој е симбол на мирот уште од времето на патријархот Ное размислил за оваа приказна, а на крајот си рекол себеси:

– Ако некому се чини дека неговиот мал глас е неважен за мир во светот, можеби токму уште тој недостига.

Прочитајте ја и приказната за четирите свеќи!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?