Девојката Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека не може да живее во мир со својата свекрва. Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата. Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.
На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто. Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот. Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила.
“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чаеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“
Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден ѝ сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој ѝ нагласил дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата. После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.
Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка. Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.
Прочитајте ја и следнава кратка приказна – Како се чува љубовта?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.