Велигденска хармонија – Софија Величковска

30.4.2021

Божем песна ќе напишам,

божем со насмевки ќе ве дарувам,

божем кукли, јајциња во шарени бои

ќе наредам,

божем ќе љубам како

никогаш до сега да не сум љубела,

и ете,

тоа се случи,

навистина се случи,

ѕвончето тивко да ѕвони,

а ненапишаната песна тивко да тече

на ова парче хартија,

денес,

на овој ден,

Велигден!

Светлината лицето да ни го мази,

розевата панделка косата да ни ја краси.

Еј дечиња, дечиња,

слатки, избезумени мечиња,

ова е денот кога

Господ нѐ штити,

ова е денот кога неговото чудесно воскресение

проклето преубаво се слави,

дечји милостиви гласчиња

по полето се шират,

на масата стојат магично-извалкани топчиња,

да не сетат, да не присетат

дека хармонијата ќе трае довека,

со црвено јајце

телото да си го исшараме,

со црвеното вино вените да си ги засладиме,

и троп троп,

таинствено да тропнеме на вратата на баба

и да ѝ посакамe:

Христос воскресна бабо, среќен празник!

Софија Величковска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?