Како се чува љубовта? – Поучна приказна

Еден прекрасен сончев ден мајка и син се шетале на плажа.  Одеднаш детето ја прашало:
“Мамо, како се чува љубовта?” Жената се насмевнала, веќе навикната на сериозните прашања на нејзиниот син. “Земи малку песок во рацете и силно стисни го во дланката.” Рекла жената. Детето направило како што му кажала и колку што посилно го стискало песокот, толку повеќе песок паѓало од неговата рака.

“Но, мамо, песокот ми бега.” Одговорило детето. “Знам” му одговорила таа, а потоа додала “Сега отвори ја целосно дланката.”
Детето ја послушало, но во тој миг дувнал силен ветар и го однел целиот песок од неговата мала дланка.
“Ниту на овој начин не успевам да го задржам песокот.” Рекло збунето детето.
На тоа жената само  се насмевнала и му кажала:

“Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена за да го заштитиш песокот, но и доволно отворена за тој да биде слободен.” Детето направило како што му било кажано и песокот му останал во дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен за да не се лизга низ прстите.
„Ете така се чува љубовта.” Изговорила жената бакнувајќи го челото на нејзиниот насмеан син.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?