Промената бара време и посветеност. Не може да очекуваме нешто да се промени ако не почнеме да правиме нешто што претходно не сме правеле. Токму сега и од овој миг е вистинско време за да работите на исплнување на своите цели. Ако ви треба дополнителна мотивација за животните предизвици, прочитајте ги следниве цитати!
1. „Постои време за заминување дури и кога не постои место каде би сте заминале“. – Тенеси Вилијамс
2. „Животот е како возење велосипед, за да одржувате рамнотежа мора постојано да се движите“. – Алберт Ајнштајн
3. „Кога една врата се затвора, друга се отвора, но ние премногу често гледаме во онаа затворената и не ја гледаме онаа којашто се отворила за нас.“ – Хелен Келер
4. „За да опстоите не ви треба способност за помнење туку спротивното, способност за заборавање“. – Шолом Аш
5. „Ако поминувате низ пекол, продолжете да одите“. – Винстон Черчил
6. „Ниедно утре не е потрошено за оние кои се вложуваат за денес“. – Брендан Бехан
7. „Животот единствено можеме да го разбереме наназад, но мора да го живееме нанапрад“. – Серен Киркегор
8. „Повеќе сакам да сонувам за иднината отколку да се враќам во минатото“. – Томас Џеферсон
9. „Секој којшто својата визија ја ограничува на сеќавања од минатото веќе е мртов“. – Лили Лангтри
10. „Она што го нарекуваме почеток често е и крај. Нешто да се заврши исто така значи да се започне“. – Гете
11. „Размислувам само за еден ден. Вчера помина. Утре не е дојдено“. – Мајка Тереза
12. „Секоја нова сезона расте од остатоците од минатото. Тоа е клучот за промена, а промената е темелен закон.“ – Хал Борланд
13. „Прилагодувањето е болен процес, но порано или подоцна мораме да го направиме“. – А.С. Бенсон
14. „Извор на најголема тага во сегашноста е да се гледа на радоста од минатото“. – Калил Џибран
15. „Не се плашете да заземете став дури и ако поради тоа ќе стоите само“. – Непознат автор
16. „Не се грижете за неуспесите, грижете се за приликите кои ги пропуштате“. – Џек Кенфилд
Прочитајте ги и следниве мисли за цвеќињата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.