Познат како „татко на бројките“, Питагора имал значаен придонес во филозофските и религиозните предавања во доцниот 6 век. Тој и неговите следбеници верувале дека сѐ е поврзано со математиката, и чувствувале дека сѐ може да се предвиди и измери со помош на ритмични циклуси. Питагора сметал дека во основа на светот е бројот и дека сè може да се претстави преку бројот (ова можеби го прифатил како тврдење кога се запознал со египетските верувања). Заедно со неговите следбеници ги откриле „питагорината теорема“ и ирационалните броеви. Тој ги напишал и „Златните стихови“ кои служат и како етички начела во животот. Прочитајте ги во продолжение. Потоа донесете заклучок зошто се применливи во денешно време и зошто треба сите да ги практикуваме и да се водиме според нив.
Златни стихови
Размисли пред да почнеш, за да не направиш глупост.
на човекот му е својствено да работи и зборува лудо.
Не прави го она што подоцна ќе те мачи!
Телесното здравје не го запоставувај…
во јадењето, пиењето и вежбањето биди умерен..
Мера го нарекувам сѐ она што нема да ти создаде мака!
Научи се да живееш чист, кроток и доблесен живот.
Не го прави она што кај човекот алчноста ја буди
Немој премногу да трошиш
ниту скржав биди-мерата во сѐ е најдобра.
Не дозволувај сонот врз твоие нежни да се спушти очи
пред да направиш резиме на денот што изминал
Каде згрешив? Што направив? Што пропуштив?
Почни од почеток и по ред тргни
ако си направил зло-прекори се, ако си направил добро-радувај се.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.