Златните стихови на Питагора се применливи и после толку години – Сите треба да ги практикуваме

Познат како „татко на бројките“, Питагора имал значаен придонес во филозофските и религиозните предавања во доцниот 6 век. Тој и неговите следбеници верувале дека сѐ е поврзано со математиката, и чувствувале дека сѐ може да се предвиди и измери со помош на ритмични циклуси.

Питагора сметал дека во основа на светот е бројот и дека сè може да се претстави преку бројот (ова можеби го прифатил како тврдење кога се запознал со египетските верувања). Заедно со неговите следбеници ги откриле „питагорината теорема“ и ирационалните броеви.

Тој ги напишал и „Златните стихови“ кои служат и како етички начела во животот. Прочитајте ги во продолжение. Потоа донесете заклучок зошто се применливи во денешно време и зошто треба сите да ги практикуваме и да се водиме според нив.

Златни стихови

Размисли пред да почнеш, за да не направиш глупост.

на човекот му е својствено да работи и зборува лудо.

Не прави го она што подоцна ќе те мачи!

Телесното здравје не го запоставувај…

во јадењето, пиењето и вежбањето биди умерен..

Мера го нарекувам сѐ она што нема да ти создаде мака!

Научи се да живееш чист, кроток и доблесен живот.

Не го прави она што кај човекот алчноста ја буди

Немој премногу да трошиш

ниту скржав биди-мерата во сѐ е најдобра.

Не дозволувај сонот врз твоие нежни да се спушти очи

пред да направиш резиме на денот што изминал

Каде згрешив? Што направив? Што пропуштив?

Почни од почеток и по ред тргни

ако си направил зло-прекори се, ако си направил добро-радувај се.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?