Книга – Дијана Келтаневска

Пораснав со книга во рака.
Од книгата научив да читам и пишувам без мака.
Со читање бајки, басни, легенди и сказни
заспивав лесно во ноќта.

На видно место на полица книгата ми стои.
Кога ќе се разбудам, отворам очи погледнувам прво во неа.
Со книгата го почнувам секое утро,
кога ќе изгрее првиот сончев зрак.

Со книга во рака, колачиња и чај го поминувам попладнето
во градината, во мојот крај.
Вечерта ја поминувам во работната соба
работејќи на работната маса.
Во доцниот час со свеќа која зрачи светлина и топлина,
со мастило и перо во рака ја пишувам мојата книга без мака.

Опкружена со книги во работната соба околу мене како во рај.
Секоја пауза ја поминувам…
со чаша црвено вино во лева рака, чоколадо во десна рака.

Корицата е нејзина заштина, нејзиниот штит.
За книгата е важен секој лист,
секоја страница убаво сочувана.
Секоја напишана буква, секој напишан збор,
секоја напишана реченица во книгата посебно зрачи.

Најмалата прашина падната на книгата и претставува товар.
Ја сакам книгата.
Таа е мојот најдобар пријател.

Дијана Келтаневска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?