Отаде – Октавио Пас

Ја свивам страницата на денот,
го пишувам тоа што ми наредува
движењето на клепките твои.
*
Влегувам во тебе,
вистинитост на темнината.
Ги сакам доказите за темното,
да пијам вино црно:
земи ги очиве мои и отвори ги.
*
Капка од ноќта
на врвoт од твоите гради:
загатки на каранфилот.

*
Затворајќи ги очите
ги отворам во очите твои.

*
Во постелата гранатна своја
постојано е буден
и влажен твојот јазик.

Кладенци има
во градината на артериите твои.
*
Со маска од крв
минам низ мислата твоја в бело:
несеќавањето ме води
кон опачината на животот.

Препев: Матеја Матевски

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?