Skip to content

За една стара, незавршена приказна – Прв дел

Што и да правиш мене ќе ме мислиш,
низ секој шумот на лисјата
во трепетот на крошната.
Ќе ти се појавувам ко сенка меѓу останатите сеништа
на секоја со сила присуствувана журка
и кич домашна забава.
Ќе ме замислуваш како се смеам иронично
зад главата на секоја очајна домаќинка
што сака да те понижи или ископира,
ќе гледаш ко сирак по ќошевите
само за да ми ја допреш силуетата со очите.
Тивко и гласно ќе се туфкаш и тепаш
и прашуваш зошто ме сакаш
и зошто тие зборови ти беа тешки да ги кажеш на глас.
Од мастило ќе излегувам,
во сите зборови ќе ти влегувам,
низ нив ќе ме облекуваш
менуваш и пресоблекуваш,
засекогаш ќе ми го дадеш она што отсекогаш го сакав,
засекогаш со неми усни ќе ги повторуваш зборовите што ти ги кажав.
Ќе ме слушнеш низ гужвите во Лондон,
низ појот на птиците во Ричмонд и Блумсбери
што ти пеат ко верни чувари.
Ќе ме видиш во жуборот во реката,
низ таа тантнежлива рефлексија
и штом се доближиш до неа
ќе ти замолкнат сите освен јас,
во реката слушајќи го мојот глас ќе зачекориш
и во последните мигови
што и да правиш мене ќе ме мислиш.

Напишете коментар