„Пријатели“ повторно се соединија после долго време на радост на фановите ширум светот

Најгледаната серија „Пријатели“ со која израснаа многу генерации на фановите ќе им овозможи повторно уживање. Многубројните шпекулации изминативе години се потврдија. Веста беше потврдена официјално ланската година, славната екипа од „Пријатели“ повторно ќе се спои после 16 години. Тие веќе ставија заедничка фотографија од сетот, на некој начин таа претставува рекреација од нивните претходни слики.

Последната епизода од серијата се емитуваше во 2004 година. Гледачите можеа да уживаат во гледањето на над 200 епизоди во период од една деценија.

„Пријатели: Повторно обединување“ ќе се емитува на стриминг сервисот на 27 мај на „HBO Max“. Шестмината пријатели: Моника, Рос, Рејчел, Фиби и Џои кои ги глумат Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Метју Пери и Мет Лебланк се повторно заедно на сет.

„Некои работи никогаш не се менуваат“ стои во описот на оваа фотографија

На интернет кружат многу видеа по повод оваа повторна средба на омилените пријатели. Пишете ни во коментар кој ви е омилен лик од серијата?

Во новиот серијал актерите ќе се глумат себеси, сепак нема да ги интерпретираат ликовите од серијата. Се очекува забава, смеење и најверојатно евоцирање спомени помеѓу нив. Нема сомнеж дека на сетовите им било премногу забавно, а гледачите ќе имаат можност да уживаат пред екраните.

Официјалниот трејлер на јутјуб каналот Гардијан 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?