Плочи од роса – Јон Деаконеску

Јон Деаконеску е истакнат романски поет, преведувач, есеист, литературен критичар и универзитетски професор. Добитник е на многу значајни романски и странски награди и признанија. Автор е на над 15 книги поезија, 5 романи, повеќе антологии и книги есеи, книжевна критика и интервјуа. Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици.

Во продолжение избор негова поезија.

Плочи од роса

Осаменоста е празничен ден
Бликнат од времената магија,
Како пустина
Скриена во длабочината на срцето.

Дури и часовникот се скаменил
Како тажните сенки
На светците
Или како трагите на чекорите
Кои се упатуваат
Кон истата жртва.

Останува само чудењето,
Чудењето од пред чудото
Бликнато од скршената игра на Зборовите,

И можеби минатото
Изгребано од плочите од роса
На слоговите.

Не е поетот
Кој денес ја кажува казната,
Туку баш празникот
Кој не раскинува
За да не го види ликот
На осаменоста.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?