Избор песни: Недорек – Јосип Коцев

На устие од буен недорек,
со клокот и врисок те чекам,
љубов,
дотечи!
Сè што имам во домот на телото
заклучив, и излегов од себеси.
Стојам на смртен трем и чекам,
љубов,
оживеј ме!
Во мојата најгнила пцост за тебе
зрее најплодното стиховно семе,
во мојата земна клетва да те снема,
сиот небесен копнеж да те имам.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!