Гане Тодоровски – Рила

На мај како што му доликува да биде убав, топол и полетен, на блогот совршено му одговараат стиховите на Гане Тодоровски. Песната е загонетна сама по себе, како повеќето негови песни, на вас оставаме да ги интерпретирате стиховите.

Капризен лик на жена што занесува!
Јас ќе го откријам ли, прекапнат, без сили?
Да се надеваме, нели е веќе мај!
Сѐ тука пленува: и водата и спилите
и воздухот и горите… Недофатна чудеснина,
без да ѝ доловиш почеток, без да ѝ разгатнеш крај.

Убавице, пречекај го во своите скутови гостот
кој љубов бескрајна и трајна ќе ти вети,
своите привлечности откри му ги до крај.
Тој ќе ти врати трижтолку во тостот
кон неодминливата убавина што може да се срети
единствено и неповторливово мај!

(Скакавица, 2. V 1963)

(Апотоеза на делникот, 1964)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!