Тефтер

Отвори го и затвори го листот преплавен со море

Од имиња кои се натопени од крв

Насобрани, напласнати , стегнати со обрач

Без воздух, желба за победа или двојна смрт.

 

Чувај го за навек да биде спомен за даночен влог

Закопај го во витрините на безвремието

Ќе го најдат еден ден луѓето кои одат по течението

На реката на слободата.

 

Ќе ги впијат спомените во својата крв

За да ја отворат самобитноста на постоењето

Ќе ги пронајдат стеблата на предците

Кои живуркале под јужното сонце.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!