Охрид, што потоа?

Да бидеш посебен и различен, а воедно и да се истакнуваш со она кое различноста ја губи смислата затоа што различноста значи убавина, означува нова идеја која го води светот напред. Но, некогаш посебноста  значи и оттуѓеност од убавината, хармонијата и подреденоста.

Дали она што е практично е истоврмено и  убаво? Дали вашата желба да направите нешто што може да послужи некому и да биде од некаква корист, пред се ваша лична може да биде истовремено и убаво?

Дали можеби она што убавината се наоѓа над корисното и треба да ја бараме во се околу нас, во природата која не опкружува­? Златниот рез е една од најважните формули во математиката. Таа е пропорција која се појавува во природата и се применува насекаде во уметноста и во науката.

Науката и уметноста се соединуваат во пропорцијата. Таа треба да биде насекаде. Но, дали навистина е така?

Она што постојано ме доведува да се запрашам себеси дали  можеби се она околу нас не е пропорционално е архитектурата. Она што го градиме е истовремено полезно, но и треба да биде убаво.

Истото треба да биде во сооднос и пропорционално со просторот околу самата градба и со она што  веќе било претхoдно изградено. Не се работи за никакво прашање на индивидуален вкус, туку за следење правила и норми во архитектурата која се разбира е  кралица на уметностите.

Глетката деновиве околу мене во нашиот бисер Охрид ги прекршува сите правила на убавото. Згради никнале насекаде без да го следат правилото на пропорција, симетрија, јасен израз и дефинираност.

Зарем не преовладува разумот и  корисноста и материјалното имаат толку многу поголема вредност од убавината? До кога ќе продолжи вандализацијата на Охрид и дали ќе победи свестаи потребата за убавото и ќе сфатиме која е големината што ја оставиле оние кои го изградиле овој балкански бисер?

Останувам само со желба и позитивна мисла за поубави времиња и поголема свест на оние кои треба да донесат одлука за понатомошните градби и доградувања во Охрид кои и можеби не треба да се случат зошто Охрид е доволен сам на себе, неговата убавина не смее да се прекрши, тоа е сквернавење на неговиот свет дух.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?