Графити – занимиливости за нив

Во текот на животот сите сме имале можност да погледнеме графит односно некој исшаран дел од ѕид или дел од надворешен објект. Графит не како хемиски елемент туку како дел од уметност која се создава на улица. Тој му дава сосема поианков изглед на просторот на кој е нацртан/испишан.

По дефиниција според Вкипедија графитот  е име за слики или букви изгребани, исчкртани, насликани или означени на било кој начин на некој имот. Тоа е уметничка форма во која што спаѓаат сите графички дела на нечија сопственост. Графитите датираат уште од времето на Стара Грција и Римското Царство.

Во денешно време, најчесто се користи боја како што се лименките со боја (спреј) и маркери. Во повеќето држави цртањето на графити на нечива сопственост, без дозвола од сопственикот, се смета за вандализам. Понекогаш графитите се користат за објавување на политички пораки. Сегашните графити, најчесто букви во три-димензионален облик со разни бои и потписи т.н тагови, потекнуваат од Хип-Хоп културата.

Краток историјат 

Графити и графито потекнуваат од италијанскиот збор graffiato („исчкртано“). „Графити“ се применуваат во историја на уметноста, за уметнички дела создадени со гребење на надворешна површина. Поврзан термин со овој е „graffito,“ кој вклучува гребење врз еден слој од пигменти за да се открие друг под него. Оваа техника најпрво била користена од грнчарите кои ги полирале своите предмети, а потоа гребеле дизајн на нив.

Во антички времиња графитите биле врежувани на ѕидовите со остар предмет, иако понекогаш биле користени и креда или јаглен. Античките Римјани ги врежувале графитите на ѕидови и споменици, примери од нив се зачувани исто така во Египет.

Занимливости за графитите

1. Ерупцијата на Везув ги заштитила графитите во Помпеја, кои вклучуваат латински клетви, магии, љубовни изјави, азбуки, политички слогани и познати литературни цитати кои овозможуваат да се продре во уличниот живот на античките Римјани.

2. Од 1961. до 1989. Берлин го делел Берлинскиот ѕид. Заподните берлинци протестирале поради ѕидот и го прекриле со графити.

3. Графитниот уметник Банкси еднаш насликал порака во лондонската зоолошка градина. Се качил во заградениот простор за пингвини и напишал: „Ни здодеа рибата“.

4. Графитите постојат од неолитот кога номадите оставале траги од патувањата со гребење знакови на камењата и пештерите.

5. Постоеле древни римски графити на тротоарите во Ефес што се толкува како правец до најблиските јавни куќи.

6. Помпеите се познати по своите графити кои вклучуваат трачеви, скандалозни обвинувања, пцости и политички слогани.

7. Древните римјани на пирамидите оставале графити кои говореле: „Ништо не ми се допадна освен саркофагот. Како и :„Не можам да читам хиероглифи“.

8. Во 2003 година откриено е дека истата компанија кои прозиведувала хемикалии против графити исто така го произведувала гасот Циклон Б кој се користел во гасните комори на концентрационите логори во текот на Втората светска војна.

9. Водоотпорниот течен спреј наречен НеверВет може да се користи за создавање улични графити со невидливо мастило кои се појавуваат само кога паѓа дожд.

10. Не се сите графити негативни. Некои можат да ја трансформираат заедницата одржувајќи ги урбаните подрачја и нивните жители енергични и инспирирани.

11. Кога американски авион ќе слетал на погрешен носач на авиони традиционално се прекривал со графити пред да биде испратен на правилниот носач.

12. Мажи помеѓу 12 и 19 години се одговорни за повеќето графити во САД.

13. Тинејџерите кои ги создават графитите често почнуваат кривични дела во возрасниот период, како што се кражби, употреба и продажба на дрога итн.

14. Преку 90% од графитите во Америка не создаваат банди.

15. Ширум САД, градовите годишно трошат по 12 милијарди долари на чистење графити.

16. Уличната уметност и графитите не се едно исто. Уличната уметност обично се слика со дозвола и се заснова на слика. Графитите носат порака и се засноваат на зборови.

17. Најраните познати слики на Исус Христос се парчиња римски графит изгребан во гипс на ѕид кон Палатин.

18. Ознаката на графитот е симбол или слика која го претставува уметникот на графитот. Слично на потписот која е единствена ознака и важна за уметникот.

19. Најраните видови модерни графити ги создале бездомниците и железничарите крајот на илјада осумстотите години. Познати како прекари, пруги, ознаки или скитници, често се наоѓале на страните од товарните возила или возови. Нивната цел била да споделат приказни или сеќавања.

Можеби би ве интересирале и следниве занимливи факти за пролетта која е веќе во својот завршеток.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?