Не е до тебе, до него е

Некому можеш да му исткаеш безброј зборови,
да му ги поклониш најубавите стихови,
да го опееш низ песните свои,
вечност да му дадеш.
А тој може ни буква да не прочита,
да не разбере дека се крие зад метафорите,
да не сака воопшто да чита.
И не е тоа до тебе.
До него е.

Некому може најубавите булки да му ги набереш,
а тој да ги фрли негде,
без да ги погледне,
без да ги помириса.
И не е тоа до тебе,
до него е.

Некому можеш целото време да му го посветиш,
со внимание да го опсипуваш,
да правиш за него ситници што живот значат.
И пак тој може да не забележи.
Да не види.
Да не почувствува.
И не е тоа до тебе.
До него е.

Затоа внимавај,
внимавај кому се раздаваш себеси.
Штеди се.
Не се поклонувај секому.
Оној кој не умее ништо од тоа да види,
не заслужува ни да те има.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?