За тебе љубов моја – Жак Превер

Споделуваме една од најпознатите песни на Жак Превер. Напишана е во слободен стих, но е толку многу ритмична и лесна за читање и за учење па затоа е често дел од школските книги.

Поетот сака да ни каже дека љубовта не се купува и треба да ја почитуваме слободата на оние кои ги сакаме зошто ризикуваме да ги изгубиме оние кои многу ги сакаме и заштитуваме.

За тебе љубов моја

Отидов на пазарот за птици
и купив птица
за тебе
љубов моја
отидов на пазарот за цвеќиња
и купив цвеќе
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за железо
и купив окови
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за робови
и те барав тебе
но не те најдов таму
љубов моја.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?