Избор песни: И јас бев една од многуте – Рабиндранат Тагоре

И јас бев една од многуте што се трудеа да ги исполнат своите бедни
домашни должности. Зошто ме избра мене и ме отуѓи
од свежото заслошните на нашиот обичен живот?

Осветена е љубовта што не се исповедала. Таа сјае како скапоцен
камен во огнот на скриеното срце.
Во свелината на љубоптиниот ден таа гледа тажно и жално.
Ах, ја проби кората на моето срце и ја одвлечка мојата треперлива
љубов на отворениот пазар, и за навек го урна сенчестото
катче во кое таа го криеше своето гнездо.

Другите жени секогаш се исти.
Ниедна не погледнала во длабочината на своето срце, ниедна не ја
знае својата сопствена тајна.
Се смешкаат лесно и плачат, муабетат и работат. Секој ден го
посетуваат храмот, ги палат своите кандила и носат вода од реката.

Се надевав дека мојата љубов ќе биде поштедена од студениот срам
на бескуќникот, но ти го сврте своето лице.
Да, твојот пат лежи чист пред тебе, а мене ми го пресече секое враќање
и ме остави сосема гола пред светот, кој со вкочанети очи ме гледа
и дење и ноќе.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!