Ќе сфатиш еден ден, малечка

Ќе сфатиш сè еден ден, малечка.
Во очи ќе умееш на луѓето да им прочиташ
дали нешто ти премолчуваат,
дали вистината ти ја кажуваат,
дали предавство ти спремаат.

Ќе сфатиш еден ден, малечка.
Ќе научиш сè што сакав да ти кажам.
Ќе видиш сè што сакав да ти покажам.
И можеби веќе нема да се браниш од луѓето,
како од диви ѕверови.
Можеби нема да се браниш од таквите како мене.
Можеби нема веќе да се браниш од мене.

Ќе разберам еден ден, малечка.
Ќе сфатам зошто толку дива си.
Зошто толкави ѕидини околу срцето си подигнала.
Јас ќе разберам еден ден, малечка.
Ти ќе сфатиш дека нема да те издадам.
Само се плашам дека ќе биде веќе касно,
прекасно за сè, моја малечка.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?