“Животот”, рече таа тивка вечер
додека си ги зачадувавме со цигари
и полевавме со пиво душите,
“Ми даде…дарба.
Ми даде соништа
и знаеш што? ме утепа.”
Тогаш разбрав мислам сѐ,
не е доволно само да се живее
за човек да опстои,
туку за да живее
човек треба најхрабро што може во мометот да постои.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.